Викторија Лоба и Тајзи прашуваат – „Каде сме ние“? (ВИДЕО)

24 Апр , 2018 Промотер

Викторија Лоба и Тајзи прашуваат – „Каде сме ние“? (ВИДЕО)

Пролетва се покажа како плоден период за Тајзи и Викторија Лоба. Тој неодамна  ја објави песната „Мој живот, моја ствар“ отпеана на српски јазик со видео во стрип-техника со кое ќе се обиде да ја освои рпубликата во регионот, анајави и уште пет нови песни до крајот на годинава и многу настапи ширум земјата и регионот. Викторија Лоба, пак, е се’ уште актуелна е со неодамна објавената тема со етно-призвук, „Херој“ како вовед во новиот албум што треба да се појави наскоро.

Токму овие двајца македонски изведувачи, вчеравечер, 23 април, 2018 год. во скопскиот хотел „Сити парк“ пред новинарите, нивните соработници, пријателите, колегите, спонзорите… ја промовираа најавената заедничка песна и видеото за неа со наслов „Каде сме ние?“

Викторија Лоба, Драган Величковски – Тајзи ( изведувачкиот дует), Роберт Билбилов ( авторот и продуцент) и Даниел Јовески (режисер на видеото) е екипата што работеше на оваа заедничка песна, чија премиера се случи вчера. Станува збор за првиот дует на Лоба и Тајзи, потпишан од хитмејкерот Роберт Билбилов, а сето тоа екранизирано од докажаниот режисер и продуцент Даниел Јовески и неговото „Састејн студио“ (Sustain Studio).

Овој пат Билбилов направил модерна тема со психоделичен вовед која се развива во современо продуциран електро-поп, всо аранжман која ја прелева психоделијата во денс ритам со заразен рефрен и назад… Се на се’ необично, ултрамодерно спакувано парче, наменски  погодно за дует, токму каков што одговара на сензибилитетот и вокалната експресија на овие две македонски поп ѕвезди.

Видеото на Јовески пак, иако навидум едноставно, правено во хромаки техника во студио изработено во 4К, истото изобилува со кадри кои соодветствуваат со музиката на Билбилов и стиховите кои ги следи изборот естетската визура на режисерот.

Генерално, Лоба и Тајзи имаат заедничко музичко парче што е освежување на домашната музичка сцена и несомнено истото ќе го збогати македонскиот радио етер… Особено, заради тоа што е правено по вкусот на помладите музички конзументи, кои во чекор ги следат светските трендови, а воедно се и нивна верна публика.

А, како сето звучи и изгледа, кога Лоба и Тајзи прашуваат „Каде сме ние“? – проследете во продолжение:

 

, , , , , ,


Comments are closed.