Трансфер на векот: Жика и неговата „Шареница“ се селат од РТС на Пинк за сума од која ќе ви се заврти во умот!

16 Фев , 2018 Радио Милева

Трансфер на векот: Жика и неговата „Шареница“ се селат од РТС на Пинк за сума од која ќе ви се заврти во умот!

Додека во Македонија се затвораат медиуми, гасат телевизии, укинуваат весници и портали, стотици новинари остануваат без работа на бирото за вработување… само некој километар посеверно од нас се случува вистински медиумски процут… Се случуваат медиумски трансфери на кои и фудбалските ѕвезди од регионот би им позавиделе.

Така познатѕиот ТВ водител и уредник на РТС Жика Николиќ ја прими понудата од првиот човек на “Пинк”, понуда која едноставно не може да се одбие.

Договорот на Николиќ со РТС истекува на 28-ми февруари, и до тогаш требало да му се понуди обид да потпише нов на  една година. Но, очигледно извесно е дека тоа нема да се случи, бидејќи Жика одлучил да ги прифати условите што го добил од Жељко Митровиќ, со што без сомнение, изненадил многумина, зашто неговата „Жикина шареница“  на јавниот радиодифузен сервис се емитува веќе цели 13 години.

Митровиќ му дал на Николиќ понуда што едноставно не можел да ја одбие. Се работи сума од 200.000 евра или автомобил и стан во таа вредност, што било повеќе од доволно за тој да одлучи дека е време да се пресели на Пинк – тврди близок пријател на новинарот, на кој за ова самиот Жика му се пофалил, додавајќи дека потпишувањето на договорот со „розовата компанија“ треба да се случиа веќе овој  понеделник.

, , , , , ,


Comments are closed.