Стринг Форсис сеат „Страв“… соочи се! (ВИДЕО)

24 Ное , 2017 Промотер

Стринг Форсис сеат  „Страв“… соочи се! (ВИДЕО)

Македонскиот арт бенд „Стринг Форсис“ има нова песна и видео за неа. Се работи за пилот синглот „Страв“, симнат од последниот актуелен  албум на групата насловен „Соголи ме“,  достапен и online на: // “Sogoli me” (Album) is available online at:

iTunes | Amazon | bandcamp

Инаку концептот за видеото е по идеја на гуруто на групата Дориан Јовановиќ, а истото е снимено во еден кадар зад подотворената врата на бањата, односно тоалетот… или ако сакате во „тесната рамка на животот“… кој и онака е… ! Така некако може да се доживее концептуалната визура на видеото, преку кое авторот сакал да ги долови своите погледи на овој свет…

Нејсе, без претензии да ја анализираме и разглобиме неговата идеја, евидентно е дека и големите уметнички дострели можат да се изведат и прикажат и без голем буџет и скап декор… Најважно е да се има идеја и јасен пристап! ДОП-от е на Гого Клинчаров, видеото го уредила Тања Рибарска, а режијата ја потпишуваат обајцата во тандем!

Музиката е на самите членови на „Стринг Форсис“ кои ги сочинуваат: Александра Мангаровска – Миличевиќ (вокал), Александар Стојанов – Зорин (вокал), Дориан Јовановиќ ( ударни и електронски инструменти и автор на стиховите), Благојче Пенов ( тапани), Дамјан Темков (пиано) и Александра Кузмин (виолина).

„Стринг форсис“ сеат страв… музички… „Соголи ги“ и соочи се:

 

 

, , , ,


Comments are closed.