Промотер

Симона Попоска е само во новата песна… „Сама“ (АУДИО)

Симона Попоска е само во новата песна… „Сама“ (АУДИО)

Есента за пејачите е вистинското време за промоција на нови песни, па така и за за Симона Попоска.  По малата пауза заради свршувачката, таа се враќа со емотивната балада насловена „Сама“, која е дело на Иле Спасев (музика и аранжман) и Даниела Хаџи -Тоневска (текст), додека придружните вокали ги отпеал Панче Касапски.

22290562_1682594498449558_1521914276_n

Со оваа песна Симона требаше да се натпреварува на годинешниот „Макфест 2017“, но таа го откажа своето учество  од оправдани причини Затаоа пак, пејачката реши за истата да сними видео, чија медиумска премиера се очекува наскоро.

22290123_1682594491782892_1047765714_n

„Освен видеото,  можам да Ви најавам за брзо време уште еден сингл во сосема поразличен стил од овој“ – изјави неодамна Симона, промовирајќи го аудиозаписот на песната „Сама“, која можете да ја слушнете во продолжение: