Розга си ја отвори душата по разделбата со Стјепан: „Секоја моја грешка беше животна школа“

20 Окт , 2017 Радио Милева

Розга си ја отвори душата по разделбата со Стјепан: „Секоја моја грешка беше животна школа“

Љубовта меѓу Јелена Розга и Стјепан Хаусер траеше две ипол години, а тогаш одлучија секој да тргне по свој пат.

Иако се свршија и планираа заеднички живот, Јелена и Стјепан на изненадување раскинаа, со што ја изненадија јавноста. Пејачката првин  не сакаше да зборува за крајот на емотивната врска, а откако помина одредено време, Розга во својата интимна исповед вели дека секоја грешка што ја направила во животот, придонела да биде позрела и поискусна личност.

-Секоја грешка, секоја погрешна одлука, беше животна школа од која учев. Претходно бев тврдоглава, не ги признавав грешките, се инаетев, но тоа беше процес на учење. Се она што сум денес, станав поради своите победи и порази. Денес ги признавам грешките, а успесите ги славам.Порано бев импулсивна, одлучував веднаш, слушајќи го срцето. Денес сум некако порасната, ги слушам инстинктите, го слушам и срцето, но и она што ми го говори разумот, секоја одлука која ја носиме во тој момент не прави подобри, но времето ќе покаже дали навистина сме биле во право – вели Розга која и покрај се и понатаму верува во љубовта и додава:

-Секој ден е нов почеток, секој ден е нова прилика за живот и љубов, за дружење со пријателите, за објавување на она што не весели. Јас така живеам. Човек е во состојба да ја препознае љубовта дури откако ќе ја искуси. Без оглед на тоа како ја дефинира, љубовта е единствената вистина во историјата на човековиот род. Јас сум жена во чие срце секогаш живее љубов, објаснува пејачката.

, , , ,


Comments are closed.