Живот и Стил

Ребра во вино: Рецепт за месо толку сочно што само паѓа од коската

Ребра во вино: Рецепт за месо толку сочно што само паѓа од коската

Нема ништо понепријатно од печени ребра со жилаво месо одозгора. За да се спречи оваа катастрофа, важно е месото правилно термички да се обработи.

Ви предлагаме месото прво да го запржите во тенџере, а потоа да го ставите во рерна во комбинација со вино и говедски супа.

Како и кај другите парчиња говедско месо, најдобри резултати ќе постигнете доколку термички го обработувате месото на ниска температура подолго време.

Ако имате тенџере од леано железо, за овој рецепт ќе ви треба само едно тенџере.

Состојки за печени кратки ребра:
– 900 гр говедски ребра;
– 500 мл суво црвено вино;
– 500 мл говедска супа;
– 3-4 чешниња лук;
– 3 супени лажици доматен концентрат;
– 2 лажици растително масло;
– 2 стапчиња цимет;
– 1-2 суви чили пиперки;
– 1 кромид;
– 1 лажица сол;
– 1 лажица пиперка;
– неколку гранчиња мајчина душица;
– неколку гранчиња свеж рузмарин.

Подготовка на ребра во вино:
Посолете ги и побиберете ги ребрата. Оставете ги да достигнат собна температура.

Загрејте ја рерната на 160 Целзиусови степени.

Загрејте го маслото во тенџере од леано железо и додадете ги ребрата. Пржете ги околу пет минути на висока температура додека не добијат темно кафена боја. Ова ќе ви одземе околу 5 минути од двете страни.

Извадете ги ребрата од тенџерето.

Во преостанатата маснотија пропржете го исечканиот кромид. Кромидот се пасира околу три минути.

Додадете го сечканиот лук и пржете сè заедно уште 60 секунди.

Додадете го доматниот концентрат и сè добро измешајте. Варете, мешајќи, две до три минути.

Истурете во тенџерето црвено вино. Вратете ги ребрата во тенџерето и варете околу десет минути.

Кога количината на вино во тенџерето ќе се намали за половина, истурете ја телешката супа. Ребрата треба да се потопат под течноста.

Во тенџерето додадете неколку гранчиња мајчина душица и рузмарин, сув чили пипер и стапчиња цимет. Покријте го садот и ставете го во загреана рерна 2,5 до 3 часа или додека месото не почне да паѓа од коската.

Кога месото ќе омекне, подигнете ја температурата на 220 степени Целзиусови, отворете го тенџерето и оставете термички да се обработи уште половина час.

Послужете ги ребрата топли со пире од компири. Добар апетит!

извор:точка.ком.мк