Рада Манојловиќ откри зошто пет години не зборува со Аца Лукас

12 Апр , 2018 Радио Милева

Рада Манојловиќ откри зошто пет години не зборува со Аца Лукас

Рада Манојловиќ за прв пат јавно  зборуваше за кавгата со еден од најпопуларните српски фолкери Аца Лукас.

Рада и Аца се во кавга  повеќе од пет години, а една од најпопуларните и најатрактивни српски пејачки зборуваше за прв пат на оваа тема.

„Лукас е посебен, има специфични шеги како на своја, така и на туѓа сметка, и него така треба треба да го прифатите. Никогаш јавно не зборував за тоа, но повеќе од пет години тој и јас не зборуваме, а причината е неговата караница со Милан Станковиќ. Тие не се поднесуваат, а Лукас даваше различни изјави од типот:

“Ако на  Милан не му беше Саша Поповиќ, че беше и понатаму медицинска сестра во Обреновац”. Само затоа што бев во врска со Милан, ме прозва и мене. Се сеќавам кога Милица Павловиќ во „Ѕвездите на Гранд“  ја  пееше мојата песна, Лукас и рече дека сè беше одлично, но песната што ја избрала е глупаво и дека не може да ја слуша. Беше тотално против нас, но јас само се повлеков. Па, замислете јас  да му возвратам на еден Аца Лукас?! – рече Рада.

А за тоа дали по пет години нешто се променило во нејзиното однесување кон Лукас, Рада вели:

„И јас пораснав и сега можам и да одговорам, да го чепнам, да го прозвам … Сега нема повеќе да му молчам“.

Сепак, Рада и Лукас ги закопаа „воените секири“, па дури заедни беа гости и во емисијата „Амиџи шоу“ .

, , , , ,


Comments are closed.