Претера со фотошопот: Еве што сакаше Сека Алексиќ да сокрие! (ФОТО)

15 Јан , 2018 Радио Милева

Претера со фотошопот: Еве што сакаше Сека Алексиќ да сокрие! (ФОТО)

Пејачката Сека Алексиќ со години се бори со прекумерната тежина, но откако влезе во брак со Вељко Пиљикиќ, кој некогаш се занимавал со професионален кик-бокс, таа ги промени навиките, па теретаната стана составен дел од нејзиниот живот.

Сепак, се чини дека фолкерката се ’ уште има наслаги на сало во стомакот, кој се обидува да го сокрие.
Сека пред две вечери настапуваше во една дискотека во Подгорица, а пред концертот беше поставена на Инстаграм фотографија на која таа е облечена во истиот тој тесен, припиен, розев фустан, во кој нејзиното тело изгледа совршено.

Но, гостите на клубот во текот на постирањето на своите фотографии и видео снимки ја открија „измамата“, која  јасно покажува дека Сека сепак има  прекумерна тежина во пределот на стомакот. По споредбата на двете фотографии  јасно се гледа  дека пејачката користела фотошоп на фотографијата објавена пред концертот.

„Денес постојат милиони апликации и филтри… ова е такво време. Не можеме да коментираме кој се фотошопирал, а некој не. Важно е само да не постои голема разлика кога ќе го видите тоа лице во живо“  – изјави по овој повод пејачката, која овој пат очигледно малку претерала со фотошопот.

, , , ,


Comments are closed.