Предновогодишен концерт на етно составот „Монистра“

23 Ное , 2017 Мегафон

Предновогодишен концерт на етно составот „Монистра“


Младата етно група  Монистра од Скопје, годинава, во април го промовираше својот втор албум.

Афирмацијата која ја направи со многубројните концерти во Републикава и учества на меѓународни фестивали ја вреднува Монистра во една од најуспешните македонски етно групи.

Нивните преработки на изворни народни песни и ора имаат специфичен сопствен музички израз каде се води многу внимание да не се  отстапи од изворниот мелос, препознатлив како житие на традицицијата која вековно се негува во Македонија.

Во прилог на направеното, видно е академското музичко образование на шест од седумте членови на Монистра.

„Сакаме да ја збогатиме македонската сцена со стари изворни песни и ора, за тие  да останат, да не се загубат свремето, да не исчезнат во заборав. Воедно, со тоа сакаме  да им изразиме благодарност на сите знајни и незнајни народни уметници кои ја пренесувале традицијата  што останала за нас, за  да ја слушаме и негуваме“ – велат членовите на етно составот.

Сите членови на групата имаат свој прилог во подготовката на вториот албум, но мора да го истакнеме лидерот на Монистра, Александар Јовевски каде низ албумот се препознава неговиот индивидуален израз , талентот што го открива во сите негови преработки и авторски творби. Тука царува и прекрасниот вокал на Габриела Јанушевска каде рамнодушноста се губи и се препуштате на извонредни гласовни изведби.

Тамбурите на Јован Стрезовски и Филип Николовски  имаат воденичарска енергија која трае низ целиот концерт. За тапаните кои се слушаат од Галичник до Река се задолжени Марјан Андоновски и Дамјан Зифовски.

Клавијатурите кои ги свири Дарко Ничевски и Магдица Димитровска се прилог кон малку модерното, но внимaтелно да не се наруши основната изворна мелодија.

Годината во која Монистра прославува 15 години музицирање на домашната и меѓународна сцена ќе ја заокружи со целовечерен предновогодишен концерт на 10 декември 2017 во Драмски Театар – Скопје.

Посетителите на концертот ќе имаат можност да ги слушнат во живо композициите од двата албума на Монистра кои оставија неизбришлив траг во македонската етно музика.  „Ве покануваме заеднички да уживаме“ – велат членовите на групата.

Билетите за концертот на Монистра  можат да се набават преку продажната мрежа на
Купи карти за се – https://www.kupikartizase.com/

 

, , ,


Comments are closed.