Познатата српска водителка откри дека заедно со Зорица Брунцлик се првите кои во време на поранешна Југославија вградиле силокони (фото)

21 Фев , 2024 Радио Милева

Познатата српска водителка откри дека заедно со Зорица Брунцлик се првите кои во време на поранешна Југославија вградиле силокони (фото)

Сузана Манчиќ, водителка и ТВ лице, важи за една од најубавите жени на српската јавна сцена.

Водителката не крие дека е поддржувач на естетските зафати, па неколкупати јавно проговори за тоа, а неодамна посети и пластичен хирург, каде направи интервенција за затегнување на очните капаци.

Сепак, малкумина знаат дека Манчиќ прва вградила силикони на територијата на поранешна Југославија.
Сузана еднаш откри дека за интервенцијата за зголемување на градите дознала од нејзината колешка Зорица Брунцлик и тоа пред повеќе од 40 години.

Сузана откри и каде ја направила првата интервенција:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial)

– Силикони правев во Минхен, Германија. Се јавив во клиниката и кажав што сакам и така ја закажав операцијата. Прво ги направив градите – изјави Сузана.

Сузана открива и дека Зорица Брунцлик го направила тоа:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zlata Vujanović (@_zlatanija_)

– Зорица Брунцлик беше прва по многу работи на нашата естрада, а во тоа време беше и мајка и тоа сигурно бараше некаква репарација, а јас бев девојка и се прикрадов и прашав со шепот: „Зорице , каде може да направи?” – додаде водителката.

Да потсетиме, Сузана со години е во хармоничен брак со грчкиот бизнисмен Симеон Окомокос.

фото:Instagram printscreen/ suzanamancicofficial/ zoricabrunclik_official

, , ,


Comments are closed.