Познатата актерка Снежана Савиќ проговори за љубовниот живот и партнерот кој не сака да ја жени

9 Јул , 2018 Радио Милева

Познатата актерка Снежана Савиќ проговори за љубовниот живот и партнерот кој не сака да ја жени

Шеесет и петгодишната српска актерка Снежана Савиќ во интервју за магазинот „Глориа“ отворено проговори за својот љубовен живот.

Позната по улогата на Нина во серијата „Бољи живот“, каде и се додворува значително помлад маж, оваа дама признава дека такви ситуации и се случуваат и во приватноста.

-Немав храброст да се впуштам во таква авантура. Се плашев да не ме повредат бидејќи сум хиперсензитивна, вели Снежана. Таа отворено признава за својот сегашен љубовен статус, признава дека е во врска, а најмногу и годат разговорите, прошетките и патувањата. Вели дека партнерот не е познат и дека би го покажала на јавноста единствено ако се омажи за него.

FOTO: MIĆA JOVIĆ

Нивната врска трае осум години, а на прашањето за свадба вели:

-Тој е еден од оние што не се женат, а ни јас не би сакала. Што ќе ми е на овие години? Имам среден живот, никому не давам сметки, вели познатата актерка.

, ,


Comments are closed.