Потрошија 8000 евра: Погледнете што доби ќерката на Бекамови за роденден од мама и тато

4 Јул , 2018 Радио Милева

Потрошија 8000 евра: Погледнете што доби ќерката на Бекамови за роденден од мама и тато

Британските медиуми пишуваат дека Дејвид и Викторија Бекам имаат брачни проблеми и живеат одвоено во Англија. Но топ тема во медиумите денес е подарокот кој го доби нивната ќерка.

Тие и купија пони за роденден, вредно 8.000 евра. Според семејни извори, британските медиуми пишуваат дека Викторија е под стрес, а Дејвид се труди што повеќе време да помине надвор од дома.

Иако  Харпер и нејзините браќа Бруклин (19), Ромео (15) и Круз (13) живеат во богатство со кое ги опсипуваат родителите, знаат дека до него не се стигнува лесно.

-Харпер и момчињата знаат дека нивните родители многу работат, дека ништо од небо не им паднало. Тие гледаат како одиме на работа секој ден, едно е да се постигне успех, а друго е да се одржува, изјави Викторија.

Утре Викторија и Дејвид треба да ја прослават 19 годишнината од бракот, а нивниот претставник за медиуми вели дека наводите дека се скарани и живеат одвоено, се измислени.

,


Comments are closed.