Нина ги стопи срцата на идните мајки: Малите нешта доаѓаат за да ве потсетат колку е љубовта голема!

30 Ное , 2017 Мегафон

Нина ги стопи срцата на идните мајки: Малите нешта доаѓаат за да ве потсетат колку е љубовта голема!

Голманот на македонската ракоментна репрезентација, Борко Ристовски и неговата сакана, убавата кумановка  Николина ја очекуваат својата прва принова.

Тие за неполни 10 недели за првпат ќе се реализирааткако родители. Полот на бебето веќе е познат – „министерот за одбрана“ и неговата животна сопатничка ќе добијат синче.

Како што се приближува часот на породувањето, возбудата и радоста за новиот член во нивниот живот се повеќе расте. Особено е разнежнета  мама Нина, чии чувства и љубовни емоции стануваат се посилни, што е разбирливо за жена во блажена состојба. Особено ако ја чека рожбата на своето прво чедо! И ако во почетокот не сакаше многу да се експонира, сега  Нина  почна се’ почесто и почесто да го покажува трудничкиот стомак, постирајќи  фотографии на социјалните мрежи.

„Таман сте помислиле дека сте спознале што е тоа љубов, кога доаѓа нешто малечко за да ве потсети колку навистина е тоа непшто големо“ – напишала мама Нина во најновиот постиран цитат покрај фотографијата на која гордо го покажува својот трудничи стомак! Пост со кој одново ги стопи срцата на сите, особено на претставничките на понежниот кои како и таа, наскоро очекуваат да станат мајки!

, , , , ,


Comments are closed.