Нема да ги види со месеци: Анџелина Џоли бесна на Бред Пит поради децата

29 Мај , 2018 Радио Милева

Нема да ги види со месеци: Анџелина Џоли бесна на Бред Пит поради децата

Американската актерка Анџелина Џоли е бесна на својот екс сопруг, актерот Бред Пит.

Причината е тоа што своите деца нема да може да ги изнесе од Америка. Џоли е принудена да отпатува во Лондон, каде извесно време ќе престојува за снимање на филм.

Логично, таа сака да ги понесе со себе и децата, но судот не и дозволува да ги преминат границите на САД, се додека сопругот не заврши со борбата за старателство над нив.

Како што пишуваат американските медиуми, актерката поради тоа е бесна и нервозна бидејќи мора да биде одвоена од децата на подолго време, а борбата околу старателството трае од септември 2016 година кога таа ги предаде документите за развод.

, , ,


Comments are closed.