Нелегална позајмица: Дуа Липа брутално ја ископира Северина (ФОТО)

20 Ное , 2023 Радио Милева

Нелегална позајмица: Дуа Липа брутално ја ископира Северина (ФОТО)

Албанската пејачка Дуа Липа и нејзиниот тим очигледно останале без инспирација, па идејата за најновите фотографии ја позајмиле од Северина Вучковиќ.

Деновиве Дуа ја промовира новата песна „Худини“, воедно и главниот сингл од нејзиниот нов албум, а не би било особено интересно ако нејзините фотографии кои ја најавуваат песната  не се идентични со оние што ги објави хрватската пејачка во 2022 година, како дел од најавата за албумот „Sorry“.

На спорната фотографија Дуа го гледа својот одраз во огледалото кој сладострасно го лиже, а истото се гледа и на фотографиите кои Северина ги објави многу порано, а на кои само прстите и  во проѕирни мрежести ракавици, што не е видено кај познатата Албанка.

 

Инаку, Липа е родена во Лондон, каде што пораснала, а од единаесет до петнаесет години живеела во Косово, па не е чудно што очигледно ја следи и нашата регионална сцена и очигледно од неа црпи голема инспирација, а во случајов и „нелегална позајмица“.

 

Но ако го загледате подобро двете пејачки, можете да забележите дека  сега обете имаат и речиси иста фризура! Е сега, која е оригинал акоја нејзина копија и во овј сегмент, проценете самите!?

 Фото: Инстаграм/dualipa/severina

, ,


Comments are closed.