Љубов и Секс

Најновиот тренд: Секс за половина ноќ!

Најновиот тренд: Секс за половина ноќ!
тренд
Сексот за една ноќ станува минато. Сè повеќе жени уживаат во незадолжителниот секс, но сè помал број од нив сакаат да го признаат тоа.

Овој тип на на секс таканаречен “Half night stand”, поточно „секс за половина ноќ“, од 2011 година станува сè попопуларен меѓу жените.

Имено, она според кое овој вид на акција се разликува од „култниот“ секс за една ноќ е тоа што во станот на непознатиот маж никако не се дочекува утрото. Меѓутоа, главната фора лежи во клучната причина поради која жените заминуваат. Доколку не доживеале оргазам – тие бегаат.
Со други зборови, тогаш кога ќе сфатат дека нема да го добијат она што го сакаат, жените разочарани си заминуваат, за да се поштедат од понатамошен срам, како на пример на патот кон дома да налетаат на некој познат (the walk of shame).
Секако, овој вид на секс е најмногу застапен кај припадничките на помладата популација, најчесто ка девојките во дваесеттите години.

Никол, која имала неколку пати „секс за половина ноќ“, пред да го запознае своето момче пред 11 месеци, може да каже во кои моменти кога била средно училиште и после тоа, не била среќна со она што го добивала: „Си заминував на половина од ноќта затоа што момчето претходно беше ужасно. Не сакаше да ја возврати услугата, или сакаше орален секс а јас не бев расположена за тоа. Исто така сум напуштала партнери ако не ме задоволувале, а ноќта била се уште млада“, рекла оваа девојка за сајтот „Cosmopolitan”.

Заклучокот е дека жените во нивните дваесетти години сакаат секс со непознати мажи поради истата причина како и мажите – за да имаат жежок секс. Ако девојката не го добила својот жежок секс од мажот, не планира да го потроши остатокот од ноќта со него. Пораката е многу јасна – „Те оставам затоа што не доживеав оргазам“.