„Морав да ја напуштам родната куќа“: Добрила од Дојран прозборе за тешкото минато!
![„Морав да ја напуштам родната куќа“: Добрила од Дојран прозборе за тешкото минато!](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/8ccd3b44e4e675feb993e1ab8b7b18362ee3cb7a.jpg)
Најстарата учесничка во регионалното шоу „Никогаш не е доцна“, Македонката Добрила Ивановска Чабриќ зад себе има тешко минато. За време на војната нејзината мајка морала да ја продаде куќата и да заминат од Македонија.
„Потекнувам од мешовит брак, со татко Македонец и мајка Србинка. Некое време живеевме во Гевгелија, но поради Втората светска војна моравме да го напуштиме домот. Бугарите кои беа главни во Македонија и дадоа ултиматум на мојата мајка.Во рок од 15 дена мораше да ја продаде куќата и да ја напушти Македонија. Беше сама, бидејќи татко ми цело време беше на работа во Србија. Тогаш се преселивме во куќата на дедо ми во Пожаревац, вели Ивановска.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/GSPk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTkRNN01EQV8vNDdlYjNhZjVlODI1ZGM1NmMxZTY4YjI0YWIwYWMxZjMuanBlZ5GTAs0CQgCBoTAB.jpg)
Добрила не сакаше да се пријави на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ затоа што на нејзиниот син не му се допаѓаат вакви емисии, но на инсистирања на пријателите таа се пријави и ја помина аудицијата.
Добрила е една од победнците на овагодинешното издание на музичкото шоу. Таа вели дека е среќна поради тоа, но не планира да застане.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/OCwk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWkdZN01EQV8vZTY2N2NiNDg0Y2FhYmUzNWFkMmFhODY4MmM1ODBkNDQuanBlZ5GTAs0CQgCBoTAB.jpg)
„Среќна сум поради победата и ова е круна на се што работев досега. Не сакам да застанам, се надевам на некој ангажман во Белград и дека ќе добијам некоја монодрама. Мислам дека ќе живеам 100 години и имам време да направам уште многу работи. Не сакам по оваа победа да исчезнам како комета, вели Добрила.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/GSPk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTkRNN01EQV8vNDdlYjNhZjVlODI1ZGM1NmMxZTY4YjI0YWIwYWMxZjMuanBlZ5GTAs0CQgCBoTAB.jpg)
Инаку, Добрила живее во Дојран, па секогаш кога треба да оди на снимање во Белград, таа патува со сопствен автомобил кој таа го вози. Со нејзината харизма, енергија и волја за живот ја освои публиката во регионот.
фото: Предраг Дедијер
добрила ивановска чабриќ, дојран, дом, минато, напушти, никогаш не е доцна