Мон Бонбон во секси фазон: Симона Попоска со празнична фотосесија (ФОТО)

6 Јан , 2018 Радио Милева

Мон Бонбон во секси фазон: Симона Попоска со празнична фотосесија (ФОТО)

Почетокот на Новата година, во духот на празниците, популарната пејачка Симона Попоска одлучи да го одбележи со нова фотосесија, честитајќи им ја на сите Новата година и Божиќните празници, со надеж дека заедно можеме да создадеме подобро утре, подобра иднина, подобар свет.

„Зад себе оставив една доста успешна година за мене, како на приватен така и на професионален план, која ќе ја паметам засекогаш… Возбудена сум што се појавувам во многу нови кампањи и нови соработки како во модата, козметиката… И музиката и модата се начини за креативно изразување на себеси, а и двете се многу лични работи“, вели Симона.

На музички план најавува дека со нејзиниот соработник Ерик Фокс подготвуваат сингл во малку поразличен и модерен стил од она што сме го слушале досега. Додека го очекуваме новиот хит на популарното дуо, уживајте со празничните фотографии на Симона, за кои се погрижија Андреј Георгиевки (фотографија), Златко ЈЗЈ (фустани), Бобан Тодоровски (шминка) и Анита Русевска (накит). На нив убавата Симон(а) – „мон бонбон“  повторно покажува колку е  згодна, заводлива, секси…

 

, ,


Comments are closed.