Мијата покажа дека и песната и е – „Домаќинска“ (ВИДЕО)

15 Мај , 2018 Промотер

Мијата покажа дека и песната и е – „Домаќинска“  (ВИДЕО)

Во Кинотеката на Македонија, вчера, 14 мај 2018 точно напладне, македонската поп пејачка наташа Мијатовиќ Крстевска или само  Мијата го промовираше видеото за својот најнов музички проект насловен „Домаќинска“. Станува збор за весела песна со ретро-призвук, поткрепена со симпатично „домаќинско“ ретро-видео, во кое пејачката покажува дека ја бива не само за пеење и контрола на летање авиони (нејзината професија),  туку е и одлична домаќинка.

Мијата го потпишува авторството и на музиката и на текстот, аранжманот и продукцијата се на Петар Димитровски, а сето тоа е снимено во студиото на битолчанката Стефанија Милевска, која заедно со Мијата ги отпеа и придружните вокали. Во создавањето на песната учествуваа и Гоце Јовановски на контрабас, Дарко Фурнаџиски на кларинет/флејта и Петар Димитровски на клавијатури/програмирање.

Одличното видео пак, во кое Мијата е во друштво на Стефанија, Катерина Илиоска и Ангела Здравковска, се снимаше во студиото на Универзитетот за аудиовизуелни уметности – ЕФТА, предводено од проф. м-р Милчо Узунов, заедно со студентите по филмски уметности.

Режисерка на оваа екранизација е самата Мијата, директор на фотографија е Сашо Доковски, а монтажата ја направи Никола Качански (3Д студио), додека фотографиите на сетот ги направија Сашо Доковски и Тања Рибарска.

За изгледот на четирите домаќинки се погрижија Ангела Милевска (шминка) и Викторија Ивковска (фризура), а како изледа и звучи оваа „домаќинска“ песна на Мијата, дознајте во продолжение.

, , , , ,


Comments are closed.