Љубов и Секс

Мажите мразат кога жените го прават ова во кревет

Мажите мразат кога жените го прават ова во кревет

Драги девојки, замислете има работи кои мажите не поднесуваат да ги правите во креветот. Доколку тоа ви е битно и сакате максимално да го задоволите партнерот, подобро прочитајте кои се тие.

Мажите не можат да поднесат кога жените лежат како дрва.

 

Ова мажите страшно ги иритира. Според нив жената мора да биде активна и тогаш кога мажот го достигнува врвот.

 

Виткајте се, гребете, покажете му на партнерот дека го посакувате исто толку колку и тој вас.

 

Мажите не можат да поднесат кога не ги мазите и бакнувате по телото.

 

Веројатно секоја жена би признала дека и се допаѓаат бакнежите по целото тело.Истото е и со мажите, па дури и ако не го признаваат тоа.

 

Нежно милување, влажни бакнежи, топол јазик кој лизга по неговото тело. Ништо не може повеќе да го запали.

 

Мажите мразат кога жената не презема контрола

 

Некои старомодни жени мислат дека во сексот мажот е тој кој треба да ги има конците во своите раце. Грешка!

 

Морате да научите да преземете контрола над случувањата, да му покажете што сакате, да му кажете како да ве задоволи и сами да ги поставите правилата на игра.

 

Верувајте дека вашиот партнер ќе биде воодушевен со промената и ќе ја исполни секоја ваша заповед.

 

Мажите не сакаат кога не ги покажувате своите чувства

 

Не го збунувајте партнерот. Доколку јасно и гласно не ги искажете своите чувства партнерот никогаш нема да знае дали е на правиот пат кон вашето задоволство.

 

Немојте да се срамите, викајте и испуштате крици од задоволство.

 

Мажите не сакаат кога не сте спремни за експериментирање

 

Во моментот кога ќе осетите дека на вашиот сексуален живот му е потребно освежување, преземете иницијатива, направите нешто додека не биде предоцна.

 

Немојте да се држите до старите трикови ко пијан за стап. Изненадете го партнерот со нова секси ноќница, еротска играчка, заиграјте стриптиз и завртете му го паметот.

 

Ќе престанеш ли да збориш?!?

 

Сите знаеме дека жените многу сакаат да зборат, но во креветот гледајте да молчите и да не зборите за времето или новите штикли.

 

Заборавете ги секојдневните обврски и препуштете му се на сексот. Секако можете да шепнете некоја секси желба или да го пофалите…

фото: FreePik

Извор: Попара