Македонската пејачка во „задолжителна“ зимска опрема: Кој шета по дома (раз)гол(ен), надвор се смрзнува! (ФОТО)

30 Ное , 2017 Радио Милева

Македонската пејачка во „задолжителна“ зимска опрема: Кој шета по дома (раз)гол(ен), надвор се смрзнува! (ФОТО)

Зима, зима, епа што? Ако е зима не е лав, важно е да си жив и здрав… Ама важно е и да не си смрзнат! Како нејзе! Зимата уште не е ни дојдена како што треаба, а таа се собрала, се склупчила, се закопчала до грло… Море до уво, нос и грло… Да може и преку лице би се покрила, ама ептен мора да вози па… Затоа лицето го покрила со огромни очила за сонце, до даска на топло ја пуштила климата, па така забарикадирана од глуждови до уши, македонската пејачка подготвена ја дочекува зимата!  И оди познај ја да те видам?! Ама тоа е само кога таа е сама во автомобилот… Па затоа и пееше: „Дојди, со мене дојди, малку да те повозам…“!

По дома е нешто сосема друго. Таму очигледно убавата, згодна и сексапилна Викторија Лоба, има кој да ја згрее! Па така загреана и не и проблем да се шета по дома разголена и насмеана!

Па ти види дали ќе дојдеш…? Неее… не кај неа дома…

Туку на новогодишна журка со неа во еден од најреномираните скопски хотели! Само, ако се одлучиш, сепак најди си некој што ќе те повози… на враќање до дома! Се разбира, ако решиш да се журкаш, со некоја чашка алкохол повеќе!

 

, , ,


Comments are closed.