Кортекс и Симеон Коруноски здружрени во – „Don’t You Know“ (ЛИРИК ВИДЕО)

8 Јун , 2018 Промотер

Кортекс и Симеон Коруноски здружрени во –  „Don’t You Know“ (ЛИРИК ВИДЕО)

Битолскиот диџеј и продуцент Константин МарковскиКортекс ги здружи силите со својот кичевски колега Симеон Коруноски за потенцијалниот хит насловен „Don’t You Know“, кој воедно е и прва, а се надеваме не и последна соработка за 17-годишните музичари.

Идејата, мелодијата и аранжманот на песната се дело на Кортекс, додека вокалот и текстот се на Симеон Коруноски, а проектот студиски е потпомогнат од македонскиот продуцент Дарко Димитров.

Со на моменти прогонувачката мелодија на Кортекс и трепеливиот вокал на Коруноски, кој одлично ја доловува емоцијата на стиховите, оваа соработка е вистински погодок за младите музичари.

Сето тоа спакувано во лирик видеото со текстуалната визуализација на Дарко Лековски и продукцијата „Дримкаст“ ве очекува во продолжение:

 

, , ,


Comments are closed.