Радио Милева
крај на замената

„Ќе бидам уште во оваа емисија“: Кеба ги откри новите промени во „Ѕвездите на Гранд“ (фото)

„Ќе бидам уште во оваа емисија“: Кеба ги откри новите промени во „Ѕвездите на Гранд“ (фото)

Голем одзив во јавноста предизвика веста дека Драган Којиќ  Кеба на одреден период ќе ја замени Ана Бекута во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

Пејачот одлично се снајде во својата нова улога, a сега ги откри  и новите промени во  шоуто, меѓутоа, како што откри сега, ова ќе биде најверојатно последна епизода која што ќе ја снима.

-Што знам, мислам дека се снајдов, нека кажат другите. Ќе бидам уште во оваа емисија – рече пејачот, а потоа на новинарско прашање дали донел торта за да ги почести колегите, тој одговори:

– Ако сакате да изгледате добро, мора да бидете гладни. Добра диета за добра линија – рекол Кеба, пренесува Курир.

Инаку, по подолга пауза продолжи снимањето на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а на изненадување на публиката, Ана Бекута е привремено заменета како членка на жирито. Причината се нејзините обврски.

Кеба, кој моментално го зазеде столчето на Бекута, меѓу првите пристигна во студиото за снимање и се пошегува со присутните претставници од српските медиуми.

– Што да ви кажам, убави сте, прекрасни сте. Времето е убаво, сонце грее – низ насмевка изјавил Кеба, пренесува српски Телеграф.

Бекута своевремено во неколку наврати критикуваше одредени стајлинзи на натпреварувачките, а Кеба откри дали се согласува со нејзината колешка.

– Не знам, во оваа емисија што се емитуваше кажав дека немам намера да коментирам за стајлингот. На сите натпреварувачи, без разлика дали се машки или женски, им кажав дека најважни се срцето и гласот, а на трето место е мозокот – порачал Којиќ, а потоа им дал совет на натпреварувачите.

– Мој совет е најмалку да внимаваат на стајлингот, а само кога ќе стигнат до финалето, барем според мене, да им се одреди стручен тим кој ќе ги советува. Инаку, ако сите разговараме со нив за стајлингот, тогаш нивното внимание се одвлекува. Јас барем така мислам – истакнал пејачот за српски Телеграф.

Фото: printskrin/YouTube

Останати вести од Радио Милева