Радио Милева

Како гром од ведро небо: Јована Јоксимовиќ си даде отказ од ТВ Пинк!

Како гром од ведро небо: Јована Јоксимовиќ си даде отказ од ТВ Пинк!

Сосема неочекувано пристигна веста дека заштитното лице на ТВ Пинк, Јована Јоксимовиќ, си даде отказ од работното место.

Како што пишува српски „Блиц“, таа повеќе нема да работи на „Добро утро –Јована и Срѓан“ и преминува на првата српска телевизија каде ќе ја уредува и води утринската емисија.

Иако се зборуваше дека тоа место ќе го добие Марија Килибарда и Славко белеслин, тоа не се случи.

Инаку, освен Јована отказ си даде и нејзиниот колега и партнер пред камери, водителот Срѓан Предојевиќ кој исто така заминува во пакет со Јована.

Тие осум години беа дел од розовата телевизија, а претходно пет години водеа на РТС.

Останати вести од Радио Милева