(ФОТО) Порасна и втората ќеркичка на Црнокрак: Мама, тато и дада направија роденденска бајка за Нина!

27 Ное , 2017 Радио Милева

(ФОТО) Порасна и втората ќеркичка на Црнокрак: Мама, тато и дада направија роденденска бајка за Нина!

Познатата македонска модна двојка и сопственици на модното студио „Црнокрак“, Светлана и Мики Црнокрак деновиве има семејна радост која ја прославија со симболична забава во кругот на најблиските членови.

Имено, Мики и Свтле го дочекаа 6-от роденден на нивната втора ќеркичка Нина која веќе порасна во мала госпоѓица.

Мама, тато и дада во нејзина чест организираа роденденска прослава во една игротека каде ги повикаа и другарчињата на Нина, а темата на роденденот и тортата беше бајка со принцези и сирени.

Времето си лета, а Светле и Мики израснаа уште една принцеза која ќе ги радува и прави горди.

Инаку, нивната постара ќерка Моника годивана стана бруцош и се запиша на екононскиот факултет во Скопје.

, , , ,


Comments are closed.