(ФОТО) Клекна и пред камери ја побара за сопруга: Ова е човекот што ја запроси Лила!
![(ФОТО) Клекна и пред камери ја побара за сопруга: Ова е човекот што ја запроси Лила!](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/31073370_10212460641293874_2213934402751168512_n.jpg)
Во квиз шоуто „Се или нешто“ гледачите во изминатите седум сезони колку што се емитува, посведочија на многу необични случи, но како оваа од последната и најнова емисија – никогаш досега.
Имено, кандидатот Ѓоргиче Сенков од Велес, пред камерите и присутната публика, собра храброст да ја побара Лила за своја сопруга.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/31073234_10212460641173871_1447663373301841920_n.jpg)
Приказната започна со добро смислена увертира од страна на натпреварувачот, кој како своја амајлија донесе прстен кој кажа дека е на неговата сестра.
Но подоцна, Ѓоргиче во текот на емисијата клекна на колелена и ја побара изненадената Лила, која иако го стави прстенот на раката, сепак ја одби неговата брачна понуда и духовито му кажа дека подобро е да не го „упропастува“.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/30743657_10212460641093869_3212879607514529792_n.jpg)
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/31045587_10212460641573881_2313963233297301504_n.jpg)
Потоа се огласи и банкарот кој го констатираше истото како и Лила, а за храбриот велешанец имаше парична понуда од 43 илјади денари кои тој ги прифати.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/31055300_10212460641453878_504515956991590400_n.jpg)
Партите ги доби, но не и посакуваната сопруга.