(ФОТО) Билјана Дебарлиева со една фотографија ги збуни пријателите, па ја прашаа: „Ти ли си“?

25 Апр , 2018 Радио Милева

(ФОТО) Билјана Дебарлиева со една фотографија ги збуни пријателите, па ја прашаа: „Ти ли си“?

Таа важи за една од најубавите ТВ лица, а како минува времето, за водителката Билјана Дебарлиева тоа како да стои во место.

Нежна, сензуална, пријатна за гледање и слушање, таа едноставно е оригинална и единствена како во она што го работи, така и со својата појава.

Ако некогаш негуваше одреден стил од кој не правеше отстапки, изминатите неколку години Биле се повеќе е храбра за да направи промени кога е во прашање нејзиниот визуелен печат.

Токму затоа, за нејзините пријатели и следбеници на социјалните мрежи и секако гледачите, изненадување е кога ќе ја видат со нова промена.

Овој пат изненади со фотографија на која е во издание какво не сме ја виделе досега, со младешка фризура од брановидни кадрици – имиџ поради кој собра лавина од коментари кои се нижеа еден до друг.

Едни ја прашаа дали е таа, други и поласкаа дека изгледа 20 години помладо, трети дека е како кукла, а пак сопругот ја спореди со Клаудија Шифер.

Едно е јасно, во вакво или такво издание, Дебарлиева плени со својата појава.

фото:фејсбук

, ,


Comments are closed.