(ФОТО) Бели детали со винтиџ нота: Вака изгледа во домот на Калиопи!

7 Мар , 2018 Радио Милева

(ФОТО) Бели детали со винтиџ нота: Вака изгледа во домот на Калиопи!

„Само смиреното срце знае што сака… дом, се разбира!“ – гласи една мисла на нашата поп-дива Калиопи Букле која ја посвети на својот дом.

Поради работата таа често патува од дома, но кога се враќа во своето Скопје, таа едноставно целосно и се препушта на релаксацијата што секој еден човек ја има дома.

Имено, Калиопи деновиве со својот бенд го подготвува концертот во Чачак кој ќе се случи утре на 8-ми март. По пробите, во своето катче знае да се опушти со шоља кафе, добар филм, друштво… но и да направи по некоја фоографија и да го овековечи моментот од дома.

На својот Инстаграм Опи има доста вакви фотографии од кои може да се забележи дека е љубител на едноставното минималистичко уредување.

Нејиниот мебел е претежно во бела нијанса, но исто така посебен шмек дава винтиџ нотата од деталите.

Домот е онаку каде што ти е срцето, а тоа место на нашата позната пејачка изгледа вака:

, , ,


Comments are closed.