Еве кој пејач му го украде шоуто на Даниел Кајмакоски?! (ВИДЕО)

15 Мар , 2018 Радио Милева

Еве кој пејач му го украде шоуто на Даниел Кајмакоски?! (ВИДЕО)

Македонскиот пејач со Х-фактор последниве месеци е малку повелечен од естрадата. Освен на понекое телевизиско гостување, Даниел Кајмакоски ретко можете да го видите на некој настап. Едноставно тој реши малку да ја дигне „рачната“ кога е во прашање кариерата и да му се посвети на семејството.

Патем, полнејќи ги батериите ги подготвува и новите песни кои треба да го надополнат неговиот музички материјал.

Така обидувајќи се нешто да компонира во домашни услови, Даниел сакаше со гитарата да проба да отпее нешто, и таман да се фати за микрофонот… му го грабна друг пејач… И му го украде шоуто!

Можеби неговото лице „не звучи така познато“, ама полека… Рано е! Има време! Затоа пак, презимето му е исто толку звучно колку и на татко му!

Башка, дека има Х-фактор, дури можеби и повеќе од родителот,  се гледа уште отсега… Уште од мали нозе покажува дека талентот и за пеење и за глума на видеоспот му вроден… Или поточно, наследен! Конечно, гените не се „гола вода“.

Од дедо, преку тато, па се до него…  малиот Давид, синчето на Даниел Кајмакоски кој уште на оваа возраст со својот талент почна да ги освојува срцата…

…На роднините, пријателите, ама и сите други што го виделе и слушнале, како го пее својот прв хит: „Је, је , јеј…!“ 

, , , , ,


Comments are closed.