Две Македонки се вратија со титули од Miss Fashion TV Europe 2018 & FTV Spring Festival

10 Мај , 2018 Мегафон

Две Македонки се вратија со титули од Miss Fashion TV Europe 2018 & FTV Spring Festival

Минатиот викенд во Букурешт, Романија се одржа изборот за Мис Фешн ТВ Европа 2018, заедно со Пролетниот Фешн ТВ Фестивал. Тоа не беше обичен избор, туку вистински моден спектакл, кој се одржа во Романскиот парламент.

Македонија имаше две претставнички, Ива Михајловска и Сандра Стефановска и двете успеаја да освојат титули. Ива ја освои титулата Мис Фешн ТВ Стар, доделена лично од Мишел Адам, сопственикот на Фешн ТВ, а Сандра е Мис Телегеник, специјална титула која ја доделуваат 10 камермани на ФТВ, кои цело време ги снимаат девојките и со нивните камери и на телевизијата. Сандра од сите изгледаше најубаво, затоа и ја освои титулата е Мис Телегеник.

Со титулите кои ги освоија, тие автоматски се пласираа на светското финале, Мис фешн впорлд 2018, кој во септември ќе се одржи на Кипар.

Лиценцата за Македонија за овој Интернационален избор за убавина и модели ја поседува Модното студио Црнокрак, чии членки се Ива и Сандра и во чија организација тие отпатуваа, престојуваа и учествуваа на изборот во Букурешт.

 

, , , ,


Comments are closed.