Чудо невидено: Ким Кардашијан шокираше со изгледот на свадбата кај Серена Вилијамс

21 Ное , 2017 Радио Милева

Чудо невидено: Ким Кардашијан шокираше со изгледот на свадбата кај Серена Вилијамс

На венчавката на познатата тенисерка Серена Вилијамс, меѓу многуте познати личности кои беа поканети, се најде и 38- годишната ријалити ѕвезда Ким Кардашијан.

Кардашијан за првпат се појави во издание со кое ги изненади сите. Таа конечно успеа да се облече понормално и да не предизвика шок и скандал.

Имено, таа за оваа прилика одбрала тесен долг фустан на прерамки, а на нозете носела сандали со висока потпетица, потпишани од нејзиниот сопруг.

Сепак Ким покажа дека и со наједноставната комбинација таа зрачи со сексипил.

,


Comments are closed.