Четкар во „Станица 26“

4 Јан , 2018 Мегафон

Четкар во „Станица 26“

По мини-турнејата во Тајланд, познатиот македонски музичар со светско реноме, Владимир Василевски Четкар продолжува со настапи низ Северна Америка, но пред да замине од родната земја, ќе одржи ексклузивен концерт во Скопје. Закажан за 17 јануари (среда) во „Станица 26“, концертот е во рамките на „Градската сесија“ што ја организира продукцијата „3 Гонга“.

На концертот Четкар ќе настапи во придружба на Демир Кантуровски (труба), Борислав Веселинов (тенор саксофон), Филип Стевановски (тромбон), Ѓоле Максимовски (бас) и Виктор Филиповски (тапани). Билетите  се веќе пуштени во претпродажба на „Купи карти за сè“, а  концертот е со почеток од 21.30 часот.

, ,


Comments are closed.