Зошто никогаш не треба да користите бибер во ресторан

19 Окт , 2017 Живот и Стил

Зошто никогаш не треба да користите бибер во ресторан

Иако е логично да помислите дека тоалетите се најголеми легла на бактерии во рестораните, многумина не насетуваат дека две највалкани работи се наоѓаат токму на масата.

Резултатите од истражувањата на сајтот Consumer Safety покажале дека на прво место по количина валкано во угостителските објекти е менито, кој во просек содржи 185.000 бактерии, или 100 пати повеќе отколку на WC школката.

Второто место му припадна на садот за бибер (11.600 бактерии, кој персоналот често го прескокнува при чистењето или само го пребришува за да изгледа чисто, додека микроорганизмите остануваат на него.

Истото важи и за садовите со сол, шеќер, масло и киселина, односно сите предмети кои одат од рака на рака.

Интересен податок е дека родителите најчесто ги занимаваат своите деца со садовите за сол и бибер, па на нив често може да се најде плуканица, храна и се друго што детските рачиња фаќале. Одредена количина фекални бактерии се најдени на лимоните и коцките мраз.

Извор: Локално.мк

,


Comments are closed.