Таргет

ЗОШТО МЕЃУНАРОДНО УЧИЛИШТЕ СКОПЈЕ?

ЗОШТО МЕЃУНАРОДНО УЧИЛИШТЕ СКОПЈЕ?

Меѓународно училиште Скопје – свет полн со можности.

Учениците и нивните родители се соочуваат со важна одлука кога станува збор за избор на вистинското средно училиште.

Ние во Меѓународно училиште Скопје нудиме образование што не само што ќе им даде можност на учениците да ги изучуваат предметите, туку образование што ќе им помогне да откријат кои се, што сакаат да станат, кои се нивните потенцијали и ќе ги подготви за светот со кој ќе се соочат.

Како училиште имаме одговорност да ги насочиме, инспирираме и поттикнеме нашите ученици. Поради тоа, Меѓународно училиште Скопје се фокусира на тоа да им всади безвременски вештини, соработка и комуникација. Кога знаеме дека учениците ги имаат сите потребни вештини, можат да покажат одлични резултати во секое поле од животот. Развивањето на овие вештини бара солидно менторство и средина што ја поттикнува креативноста и го вреднува придонесот на учениците. Знаењето и вештините со кои ќе се стекнат учениците во Меѓународно училиште Скопје и нашата посветеност за нивниот професионален развој, како и соработката со најреномираните светски универзитети, ќе им овозможат остварување на сите замисли за сопствената професионална иднина.

Меѓународно училиште Скопје не е пасивно училиште. Напротив, тоа е место за ентузијастични ученици што навлегуваат длабоко во темата и ги истражуваат идеите. Веруваме дека образованието на нашите ученици треба да вклучува детално истражување на широк спектар предмети и можности.

Како училиште насочено кон семејството, сметаме дека учениците и нивните семејства се дел од училиштето, дел од заедницата и се стремиме да го дадеме само она што е најдобро за нив.

Кога се наоѓате на крстопат за да изберете средно училиште, ви препорачуваме да видите што имаме да понудиме и да земете предвид дека нашата цел е да ви помогнеме да се соочите со современиот свет и со неговите барања. За повеќе информации посететe ја веб-страницата www.iss.edu.mk, посетете нè, аплицирајте за стипендија и не заборавајте за можностите кои ги нуди Меѓународно училиште Скопје затоа што светот чека на вашите успеси.