Во Амиџи шоу: Погледнете со кој српски министер нашата секси актерка Јана Стојановска пееше во дует (ВИДЕО)

2 Јан , 2018 Радио Милева

Во Амиџи шоу: Погледнете со кој српски министер нашата секси актерка Јана Стојановска пееше во дует (ВИДЕО)

Огњан Амиџиќ во својата емисија “Амиџи шоу” ги покани на гости нашата актерка, сексапилната  Јана Стојановска, која преку ноќ стана ѕвезда во Србија по улогата во серијата  “Сенки над Балканoт”, министерот за надворешни работи на Србија и фолк легендата Харис Џиновиќ.

Атмосферата во студиото беше повеќе од весела, особено откако министерот за надворешни работи на Србија, контроверзниот Ивица Дачиќ се фати микрофон и запеа. Посебно беше впечатлив дуетот со нашата Јана Стојановска, со која го пееја хитот на Харис Џиновиќ, антологиската  “Како ми недостајеш”.

Бидејќи Ивица Дачиќ на 1 јануари наполни 52 години, познатиот политичар го изненади неговата пријателка, фолк ѕвездата Цеца Ражњатовиќ,  со роденденска видео честитка.

„Драг мој пријателе, среќен роденден и сè најдобро во животот… Многу љубов, многу здравје, многу среќа. Да си ми жив и здрав и успешен како досега. Те сака, твојата Цеки“ – рече Цеца.

 

 

, , , ,


Comments are closed.