Промотер

(ВИДЕО) Најави нешто жешко, па сите чекаа – Елена има нешто важно за „Текила и лимон“

(ВИДЕО) Најави нешто жешко, па сите чекаа – Елена има нешто важно за „Текила и лимон“

Откако се крена голема прашина за песната „Текила и лимон“ на Елена Ристеска, таа самоуверено остана да стои на тоа дека песната  е само доказ дека знае што да извбере во својата кариера во која остана перманентна повеќе од една деценија.

Синоќа на својот Инстаграм профил, Елена на своите бројни обожаватели најпрвин им најави нешто жешко кое може да го очекуваат наскоро,  новината се појави неколку часа подоцна, а Елена им напиша дека можеби не е толку „жешко“ она што го промовира, но успеала да им го сврти вниманието на сите.

Имено, таа ја промовираше новата верзија на спотот за ремикост на „Текила и лимон“, па напиша:

Конечно спотот за ремиксот на песната “Текила и лимон” кој го изработија руските диџеи “Beverlypills music”. Спотот е видоизменета верзија на оригиналот и го изработија младите и талентирани Дејан и Мартин Михајлови од “Cleancut “ продукција.Дарко Димитров е тој кој се појавува како продуцент, композитор и аранжер, уште еднаш благодарам на тимот кој со љубов работеше на проектот: “Effective Records” од Русија, Милош Николич-труба, BeatrixCrew-мојот официјален танцов клуб, Даниел Николовски-фризура и шминка,Јелкица Поповска- стајлинг, Славица апартмани Грција,Ивана Балабанова, Леонардо Хусеини, Мартин Иванов, Ана Марија Темелковска, Јана Петровска, Стефани Пецалевска, Андреа Дуковска, Мелани Монева и Зана Незири,Диме, Исидора, Ивана, Тамара, Филип, Серџо, Мерсиха, Ева, Бети, Маја и Никола,Croatia Осигурување Живот, Парк Хотел & Спа, Nissan, LDB – Прилеп и The Loft ресторант,Елеонора Неделковска-асистент,Чичко Гала-логистика. Можеби оваа вест не беше ХОТ како што ја најавивме ама беше доволно важна за да ви го свртиме вниманието оваа вечер. 🙂 Уживајте…