Василичарскиот концерт на МОБ со рок и поп хитови оваа година
![Василичарскиот концерт на МОБ со рок и поп хитови оваа година](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/01/mob-76679_5.jpg)
Македонската опера и балет и оваа година ќе го организира традиционалниот концерт за Василица. Насловен е „Simply the Best“ и ќе има две изведби, на 12 и 13 јануари од 20 часот.
Следен програмски термин на МОБ е 17 јануари кога ќе биде изведен балетот „Самсон и Далила“ на музика на Камиј Сен-Санс, а во последните два дена од месецов ќе има две изведби на балетот „Оревокршачка“ од Чајковски.
На 21 јануари напладне МОБ ќе организира и балетска претстава за деца „Снежана и седумте џуџиња“ од Богдан Павловски во режија, кореографија и инсценација на Витолд Борковски.
Балетот е според приказната на браќата Грим, а првпат во улогата на Снежана ќе настапи Стефанија Гаштарска, студентка на престижната балетска академија Бољшој во Москва.
извор:cooltura.mk