Живот и Стил

Трикови кои ќе ви помогнат да направите совршени испечени палачинки

Трикови кои ќе ви помогнат да направите совршени испечени палачинки

Иако се чини дека се лесни за правење, за многу луѓе палачинките не им излегуваат добро кога ќе се испечат – тие се жилави, или дебели, тегави… Затоа ви ги откриваме триковите кои ги користат професионалните готвачи. Со нив, вашите палачинки ќе бидат совршени.

Применете ги овие правила и ќе направите фантастични палачинки:

1. ПРАВИЛО

Без разлика дали правите палачинки по рецепт или од нула, одземете две лажици од вкупната количина брашно што сте го подготвиле за палачинките и наместо тоа додадете две лажици скроб брашно (густин).

2. ПРАВИЛО

Пред да го измешате брашното со сите други состојки, просејте го низ сито.

3. ПРАВИЛО

Користете сода бикарбона, која ќе помогне печените палачинки да бидат меки. Но, не претерувајте, половина лажичка ќе биде доволна.

4. ПРАВИЛО

Доколку користите сода бикарбона во рецепт за палачинки, задолжително просејте ја заедно со брашното пред да ги додадете останатите состојки.

5. ПРАВИЛО

Во смесата за палачинки изрендајте кора од лимон, портокал или мандарина, ќе им даде посебен вкус и мирис!

извор:попара.мк

фото:Shutterstock