Совети од жени во брак како сексот да не ви стане рутина

11 Јун , 2018 Љубов и Секс

Совети од жени во брак како сексот да не ви стане рутина

Бидете спонтани, зборувајте за сексот и никако не го гледајте како трка по оргазам.

Жени кои се долги години во брак и сè уште се комплетно задоволни од својот сексуален живот, откриваат кои се тајните.

Тие советуваат да не престанете да фантазирате и да не дозволите сексот да се претвори во рутина.

Нивните совети:

„Во брак сум 7 години. Не ми се допаѓа идејата на закажан секс, што ја практикуваат многу брачни парови, така се губи забавата и возбудата. Плус, тоа како да се претвора во обврска за двајцата. Ние сакаме спонтаност и секогаш пробуваме нови работи, па мислам дека тоа е клучот на нашиот успех.“

„Иако, сме долго време во брак со сопругот обожаваме да имаме секс. Јас од време навреме знам да облечам некоја навистина секси долна облека и буквално да го нападнам. Тој ги обожава тие ненадејни изливи на страст.“

„Уште на самиот почеток од бракот зборувавме дека ако некогаш имаме каков било проблем во сексот, тогаш отворено ќе зборуваме за него. Но, ние немаме проблем, но сепак зборуваме многу за тоа. Постојано смислуваме нови работи за да пробаме. Децата често знаат да ни ги расипат плановите, но сепак пронаоѓаме време затоа што си го ставивме сексот високо на листата со приоритети.“

„Сексот целокупно е пријатно искуство и не смеете да го претворите во трка по оргазам, мора да уживате во самиот процес. Ние сакаме да бидеме блиску еден до друг, да си ги допираме телата, да се бакнуваме и прегрнуваме. Ако сакате долг и исполнет живот со една личност, мора да си посветувавте внимание постојано и да се држите заедно.“

„Мора да бидете отворени, да ја напуштите комфорната зона и да експериментирате, многу да експериментирате. Тој ви е сè во животот, па навистина нема зошто да се срамите.“

, ,


Comments are closed.