Што советуваат педагозите за безгрижно патување на децата без родителите

16 Апр , 2018 Живот и Стил

Што советуваат педагозите за безгрижно патување  на децата без родителите

Летото е сезона за одмор, релаксација и уживање. Учениците особено се радуваат на тоа поради „големиот“ распуст, кога имаат можност да се релаксираат и да се дружат со своите врсници. Всушност, ова желно очекување на распустот е одличен доказ за тоа колку многу децата од училишна возраст се уморни и колку им е потребен одмор. Повеќето родители го користат овој период за да организираат некои интересни активности за детето, заеднички или одделни, во зависност од сопствените, пред се, деловните обврски.

Доколку вашето дете за прв пат отиде на летување без вас, советите од стручните лица ќе ви помогнат добро да се подготвите, со цел патувањето со бабата и дедото, со другарчињата од градинка или само едниот родител да помине во најдобар ред.

Телефон

Без разлика на која возраст е детето, колку е блиску и емотивно поврзано за личноста (или неговите врсници) со кого оди на одмор, неопходно е да имате можнот за честа телефонска комуникација. Ова е важно за вас, бидејќи ќе бидете помирни бидејќи знаете дека можете да го слушнете детето во секое време. Сепак, тоа е уште поважно за детето.

Имено, ако вашето дете замине на пат без вас, не можете да контролирате сè што може да се случи со него, ниту да предвидите кога има потреба да ве чуе. Вашиот глас во многу случаи е доволна утеха, а понекогаш може да биде потврда дека детето има свој соговорник, иако тој е физички далеку.

Од друга страна, не телефонирајте секој час. На тој начин, детето секогаш ќе го потсетувате на себе, ќе го растажите со вашиот глас, бидејќи тој постојано ќе размислува за тоа колку му недостигате. Исто така, ако за време на телефонскиот разговор си дозволите на себе „екстра“, доза на мили и меки зборови, или започнете да го испрашувате во врска со она што е важно за вас да го дознаете (што јадело, што облекло, дали му е досадно …), нема да му дозволите тоа на вас да ви каже што сака. Запомнете дека критериумите на децата се разликуваат од вашите и дека ќе биде фрустрирано доколку му ја скратите можноста тоа да ви каже што смета дека е важно. Затоа, користете ги овие телефонски разговори да го прашате детето она што е неопходно, но многу повеќе да го ислушате она што тоа има да ви каже. Во предучилишна возраст, т.е. кога детето сè уште не знае вербално точно да ги дефинира своите чувства или искуства, концентрирајте се на “слушање помеѓу редови”.

Лице од доверба

Лицето со кое детето отишло на одмор мора да ја има целосната ваша доверба. Иако ова барање се подразбира уште на прв поглед, во пракса често може да видиме дека родителите без поголеми проблеми го пуштаат детето, на пример, на летување со другарчињата од градинка, без претходно да се информираат дали воспитувачот на детето оди о нив, кој оди од најблиските другарчиња и слично. Токму овие податоци имаат големо влијание врз тоа дали детето ќе се чувствува опуштено, дали ќе биде сигурно или ќе се чувствува несигурно.

Подготвување на детето

Не го праќајте детето каде што не сака да оди, ако не мора. Само во случаи на негово постојано одбивање да се оддели од вас може да заземете построг став. Сепак, дури и тогаш, детето има свои причини што треба да ги откриете и да ги елиминирате, а не “насилно” да го смените неговиот став. Секогаш зборувајте не само за неговото можно одбивање да замине без вас, но, исто така, во случаите кога се согласува, понудете ги сите потребни информации. Поттикнете го. Кажете му дека очекувате од него да помине прекрасно време, одговорете на сите негови прашања. Не заборавајте да му кажете дека ќе бидете во постојан контакт, колку ќе мислите за него (за да детето не би се чувствувало одбиено, односно да не стекне впечатокот дека едвај чекате да замине).

Јасни инструкции

Не сметајте дека нешто се подразбира. Со кого и да оди вашето дете на одмор, дајте му на овој човек јасни насоки (на пример, што доаѓа во обзир за вечера, колку и кога препорачувате мачкање со крема за сончање итн.). Исто така, никој не може да го знае вашето дете, подобро од вас. Особено во случај кога е алергичен или ако има специфични навики за исхрана, спиење … Внимавајте да го информирате лицето со кое вашето дете ќе помине дел од одморот.

Чекор по чекор

Детето постепено подготвувајте го за одмор без вас. Ова подразбира психолошка подготовка и разговори со кои ќе започнете навреме (што зависи од возраста на детето, но потребни се повеќе разговори во различни временски интервали), како и физичка подготовка, т.е. да го навикнете детето да помине некое време без вас, во соработка со други возрасни лица. Постепеното одвојување ќе му олесни на Вашето дете да ја „совлада“ одвоеноста од вас, но вашиот стрес и страв во овој случај ќе бидат многу помалку изразени.

, , , ,


Comments are closed.