Што ќе се случи ако имате секс секој ден?

18 Јан , 2018 Љубов и Секс

Што ќе се случи ако имате секс секој ден?

Тешко е да се замисли секојдневен секс во текот на цела година, имајќи предвид колку труд, посветеност и истрајност се потребни за еден таков подвиг. Но, што би се случило кога би успеале?

Американската писателка Британи Гибонс, авторка на книгата „Fat Girl Walking“, го направила токму тоа и вели дека се чувствувала подобро во своетот тело и научила подобро да комиуницира со партнерот.

Секс секој ден не е за секого

Важно е да имате постојан партнер и да сте во сигурна врска. Да се  терате на секс секој ден во годината, без разлика колку вашиот ум и тело го посакуваат тоа, може да има опасни последици.

Секс секој ден со различни партнери и странци, особено ако имате трауми од минатото во кои имало и некаква форма на сексуално злоставување, би можело да доведе до чувство на срам, безвредност, емотивно одвојување и депресија.

Ако сте во добра, стабилна врска, тоа е нешто што може заеднички да го одлучите, како еден вид забава и може да резултира со поголема поврзаност со партнерот и зголемување на сексуалната самодоверба, но не заборавајте дека  треба да сакате да имате толку секс.

Само сексот не е доволен да станете задоволни од своето тело

Опсесивното фиксирање на сексот како решение за сите проблеми не е решение. Честопати проблемите со самодовербата имаат подлабоки кориени и се далеку посложени.

извор:кајгана.мк


Comments are closed.