ШОК: Дарко Лазиќ и Ана Севиќ се разведоа!

10 Јан , 2018 Радио Милева

ШОК:  Дарко Лазиќ и Ана Севиќ се разведоа!

По многу шпекулации и разни гласини, како гром од ведро небо, одекна веста дека  Дарко Лазиќ и Ана Севиќ се развеле пред два месеци! Според српските медиуми, пејачите се обидува тоа да се сокрие, бидејќи  не сакаат нивните блиски премногу да се возбудат!

Инаку, подолго време бракот на Лазиќ и Севиќ не функционирал како што треба и имаше гласини дека за сето тоа е виновна “трета личност”, но тоа се покажа како неточно.

„Нема трета личност… Се согласија  спогодбено да се разделат и да останат пријатели засекогаш. Никогаш нема да слушнете ниту еден лош збор од било која страна, бидејќи лоши зборови меѓу нив немаше ниту додека беа во брак, па нема да ги има ниту сега, кога нивниот брак заврши“ – изјавил извор близок до поранешната естрадна двојка.

Информацијата за разводот протече во јавноста кратко времеоткако протече и снимката на која може да се види како Лазиќ наводно шмрка кокаин. Сепак, овие две работи не треба да бидат поврзани, бидејќи Ана и Дарко подолго време не се заедно и контроверзната видеоснимка не треба да се доведува во врска со нивниот развод.

, ,


Comments are closed.