Северина и Калиопи му поласкаа на Даниел Кајмакоски во „ТЛЗП“: „Ова беше најемотивниот настап“

4 Ное , 2019 Радио Милева

Северина и Калиопи му поласкаа на Даниел Кајмакоски во „ТЛЗП“: „Ова беше најемотивниот настап“

Секоја недела на Сител телевизија имаме прилика да го гледаме хуманитарно – забавното шоу „Твоето лице звучи познато“.

Во најновата сезона на „ТЛЗП – алл старс“ има учесници од претходните сезони, а меѓу нив и македонскиот пејач Даниел Кајмакоски.

Во претходните неколку емисии, имавме прилика да го гледаме Даниел во улога на Лејди Гага, Петар Грашо, Тејлор Свифт…

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/marija-kilibarda-mu-polaska-na-daniel-kajmakoski-sekogash-si-bozanstven-jas-sum-pristrasna-koga-si-ti-vo-prashanje-video/

Меѓутоа, во последната емисија Даниел имаше задача  да биде во улогата на фронтменот  Адам Левин на „Maroon 5“ со песната „Girls like you“, а на сцената на Даниел му се придружи и актерката Драгана Мичаловиќ.

фото: принтскрин/јутуб/тлзп

Водителката, Марија Килибарда ниту овојпат не се штедеше да го опсипе Даниел со позитивни коментари и убави комплименти, па повторно пред камерите му поласка на Македонецот.

Во оваа емисија како дел од жирито беше македонската дива Калиопи која беше на местото на Дубравка Мијатовиќ, а гост член на жирито беше хрватската дива Северина.

фото: блиц.рс

Калиопи имаше само убави зборови за нејзиниот драг колега.

„Остани доследен на тоа што го правиш и чекам твој нов албумм. Те сакам“ прокоментира Опи.

Северина посебно беше воодушевена од тоа што Кајмакоски додека ги слушаше коментарите во рацете држеше дете, а овој гест посебно ја воодушеви Севе.

Имено, таа истакна дека освен тоа што Кајмакоски ја воодушевил со пеење и талент, посебно се разнежила кога го гледа со детето.

„Прегратката на еден маж и едно дете, тоа ми е фасцинантно“ вели Северина и додаде дека овој настап бил еден од најемотивните.

Настапот на Даниел може да го погледнете во видеото подолу.

За потсетување, Кајмакоски неодамна се најде на мета на српските медиуми бидејќи додека се подготвувал во улогата на Тејлор Свифт, фоторепортерите го фотографирале со раце во положба на двоглав орел – симбол на голема Албанија.

Имено, тој јавно се извини и истакна дека немал намера никого да навреди, ниту дека знаел што означува симболот.

, , ,


Comments are closed.