Се чувствувам како машина: Милица Тодоровиќ се здебели и падна во депресија!

22 Дек , 2017 Радио Милева

Се чувствувам како машина: Милица Тодоровиќ се здебели и падна во депресија!

Младата пејачка Милица Тодоровиќ направи пауза од неколку месеци кога се во прашање јавните настапи и појавувања, само за малку да се одмори од работата која е исклучително стресна.

Таа во меѓувреме  се здебели, но вели дека нема вистина во гласните дека поради тоа се повлекла од сцената.

Во последно време толку работев и немав воопшто време за себе. Јадев нездраво еднаш или двапати во денот, лошо и нередовно спиев. Од друга страна, длабоко верувам дека депресијата и незадоволството ист така имаат многу влијание. Оваа работа е стресна и често не можеш да останеш рамнодушен на разните ситуации на кои наидуваш. Многу е веројатно дека благата депресија влијаеше на спонтаното таложење на килограми, иако главната причина беше нередовниот живот и нездравата исхрана, рече Милица за Стори и додаде дека  е многу чувствителна и дека плаче за секоја ситница.

Многу сум чувствителна. Можам за заплачам поради секоја ситница. Баналнтие работи умеат да ме извадат од такт, но јас тоа секогаш го врзувам за тоа што сум од 13. години сама во Белград, без родителите. Секогаш сум патувала сама, многу работев без ничија потпора и можно е дека тоа со години се собира. Често се чувствувам осамено, како некаква машина за правење пари. Тогаш почнува да ми недостасува семејството. Психотерапијата многу ми помага во тие моменти, вели Тодоровиќ.

foto:svet.rs


Comments are closed.