Ритуал пред тезга: Вака Стојне Николова се спрема за настап! (ФОТО)

27 Ное , 2017 Радио Милева

Ритуал пред тезга: Вака Стојне Николова се спрема за настап! (ФОТО)

Младата македонска фолк пејачка пред секој настап има свој ритуал! Секако, откако претходно убаво ќе се стокми, ќе се стегне, дотера, нашминка… Стојне Николова има мерак да се фотографира на излегување од дома, пред секој настап!

Мала, ситна, динамитна, по Ноне таа е новата македонска џепна венера… Фолк, се разбира! Убавина и сексапил не и недостасуваат, како ни„тезги“, како што естрадните уметници меѓусебе популарно ги нарекуваат своите настапи!

Ама затоа и недостасува селфи пред заминување на „тезга“, па распената струмичанка секој пат пред да ја заклучи вратата однадвор на својот нов стан во Скопје, завзема нова поза… за фотографирање!

Ритуалот ист, како и местото за сликање: пред излезната врата со поглед на кујната и трпезаријата во позадина!

Овој пат  стегната во мини фустанче до препони, со разголени бутини и чизми над колена, и капутчето наметнато преку рамена и… Стојнето може да тргне, на уште една заедничка журка со своите фанови! Ама претходно, застанува за момент…

На само еден миг, за уште еден клик со мобилниот за ново селфи! За среќа пред настап, за добра журка и желба бакшишот да не биде мал… Затоа, ритуал си е ритуал!

, ,


Comments are closed.