Пуста да е туѓина: Ристе Ристески замина далеку, многу далеку (фото)
![Пуста да е туѓина: Ристе Ристески замина далеку, многу далеку (фото)](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/26733450_10210998085811429_9161309363034674074_n.jpg)
Во претходната сезона на регионалното музичко „Ѕвездите на Гранд“, македонскиот кандидат Ристе Ристески ја однесе победата и го освои првото место по гласовите на публиката.
Уште кога се појави на сцената на Гранд и ги покажа своите музички способносити многумина му предвидуваа успешна кариера, а често добиваше и комплименти од Карлеуша.
По победата, тој ја издаде својата прва песна „Добро јутро тајно моја“. А неговата агенда се пополни со бројни настапи во Македонија и региониот.
Но, не застана тука. Младиот охриѓанец периодов е на турнеја во прекрасната Австралија. На Инстаграм често споделува фотографии од оваа прекрасна држава, каде што покрај настапите Ристе го користи секој момент да прошета и да ужива во убавините.
австралија, победник, ристе ристески, турнеја