Предупредување за родителите: 4 знаци дека вашето дете трпи насилство на социјалните мрежи

2 Мај , 2018 Живот и Стил

Предупредување за родителите: 4 знаци дека вашето дете трпи насилство на социјалните мрежи

Однесувањето на децата во тинејџерскиот период е доволно тешко да се разбере и без Интернет, но кога во таа проблематичната возраст се вплеткуваат и социјалните мрежи, родителите не знаат на што попрво да внимаваат. Затоа, погледнете ги клучните знаци на кои треба да обрнете внимание:

  1. Детето го вклучува компјутерот секој ден во исто време

Повеќето луѓе мислат дека злоупотребата на Интернет се случува само ноќе. Сепак, ова не е вистина. Профилите на злоупотребувачите најчесто се направени како позади нив да стои дете кое е приближно иста возраст како и нивните жртви. По воспоставувањето комуникација со детето, тие се обидуваат да стекнат доверба кај својата мета. Насилниците се генерално трпеливи, па преписката може да потрае неколку дена или недели.

Значи, ако забележите дека вашиот тинејџер во исто време користи социјални мрежи неколку дена по ред, тоа е знак дека треба да проверите што се случува и со кој се допишува.

Ако комуницира со некоја личност која штотуку ја запознало, реагирајте веднаш. Разговарајте со детето и предупредете го за опасноста.

  1. Се крие и е мистериозно додека е на Интернет

Гледајте како вашето дете се однесува додека е на Интернет. Дали го крие мониторот или телефонот кога поминувате? Или автоматски се префрлува на друг таб каде игра некоја игра или гледа филм? Криењето може да биде знак дека на Интернет прави нешто за кое и самото чувствува дека не смее да го прави, но тоа не запира тоа да го прави, бидејќи тоа за него претставува посебен предизвик.

Тајните се својствени за тој тинејџерски период, и постојат работи што се нормални да се сокријат, но кога станува збор за Интернет, бидете внимателни. Обавезно проверете дали вашето дете го сокрива допишувањето со личност која не ја познава.

  1. Среќно е кога ќе го изгаси компјутерот

Ако вашето дете е премногу среќно кога “се симнува” од компјутерот, можно е да е на пат кон невоља. Овој знак може да биде лажен. Вашето дете може да биде среќно и затоа што конечно заврши тежок училишен проект, но никогаш не можете да знаете.

Кога детето воспоставува контакти со некој на Интернет и почнува да има убав однос со него, може да биде многу среќен и возбуден околу тоа. За жал, тинејџерите често не се свесни дека некој многу лош може да застане зад профилот на детето.

Затоа е многу важно да разговарате со вашето дете за опасностите за започнување на “онлајн” романса.

  1. Видно е повлечено, нерасположено и депресивно

Друг знак може да биде тага или дури и депресија, особено изразена кога детето ќе го исклучи компјутерот. Она што родителите треба да го знаат е дека некои деца не го користат интернетот само за забава и разонода, туку дека во виртуелниот свет често се случува насилство.

Ако вашето дете по објавувањето на фотографија или пишување статус или порака, биде исмеано од страна на другар, може да биде многу тажно, нервозно и повлечено кога ќе го исклучи компјутерот.

, , ,


Comments are closed.