Вистаграм

Повторно на тронот: Ова е кралицата на Инстаграм

Повторно на тронот: Ова е кралицата на Инстаграм

Кајли Џенер ја загуби титулата за најследена жена на Инстаграм. Нејзиниот трон го презеде пејачката и актерка Селена Гомез.

Таа моментално има 381 милион следбеници, а Кајли 380 милиони. Селена во 2019 година беше најследена на споменатата социјална мрежа. Ја надмина Аријана Гранде, а потоа и Кајли. Меѓутоа, таа успеа да се врати на врвот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

Многу од обожавателите на Селена се воодушевени.

„Кралицата се врати“, „Мило ми е што Селена доминира на Интернет“, „Конечно“, се само дел од коментарите.

Сепак, Селена претходно за „Vanity Fair“ изјави дека се труди да поминува што помалку време користејќи ги социјалните мрежи. Таа смета дека тоа е губење време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

„Луѓето ми пишуваа навреди во коментарите. Плачев со часови. Меѓутоа, позитивната страна на социјалните мрежи е тоа што е многу лесно да се поврзете со вашите обожаватели. Поради оваа причина, создадов систем. Сè што правам му испраќам на мојот асистент, кој потоа објавува. Што се однесува до коментарите, мојот тим ги избира оние кои се позитивни и охрабрувачки и ми ги проследува“, изјавила таа.

За потсетување, пејачката на почетокот на јануари објави видео на кое се гледа како нанесува производи за отстранување на шминка, а вклучувало и миење на лицето. Некои ја исмејуваа и ја прозиваа затоа што рацете ѝ се тресеа.

Во врска со ова прашање, Селена појасни: „Се тресам поради лекот за лупус“.

извор:точка.ком.мк

Останати вести од Вистаграм