Радио Милева
љубов од зад решетки

Помалата ќерка на Анабела и Гаги има чудна врска: Нина Ѓогани е во љубов со актуелен затвореник (ФОТО+ВИДЕО)

Помалата ќерка на Анабела и Гаги има чудна врска: Нина Ѓогани е во љубов со актуелен затвореник (ФОТО+ВИДЕО)

Помалата ќерка на музичките изведувачи и поранешни ријалити учесници, Анабела Атијас и Гаги Ѓогани, Нина Ѓогани е во врска со момче кое моментално е во затвор во Белград, кого редовно го посетува, за што ексклузивно пишува Курир.

Врската им трае речиси една година, но нејзиното момче моментално ја издржува казната во Централниот затвор. Нина е многу заљубена во него, па трпеливо  чека да излезе од затворот и штом ќе се дозволат посети, оди да го види и му носи се што му треба.Таа сега на својот Инстаграм објави видео во кое ги спои нивните стари снимки, а во него остави порака: „Мое се“ и покажа колку и недостига.

Нина на социјалните мрежи редовно објавува фотографии со своето момче кои се направени додека тој бил на слобода. Медиумите ги фотографираа летово додека беа заедно на море, а спомени од тој период најмногу објавува и самата Ѓогани, но секогаш му ја покрива главата со емотикони.

Да потсетиме, Нина неодамна на 29 февруари доживеа сообраќајна несреќа и заврши во Ургентниот центар каде и ставија јака која требаше да ја носи следните денови.

Фото и видео: Инстаграм/nina_djoganii

Останати вести од Радио Милева