Вистаграм

Плажата која го зазеде врвот на листата најубави во светот – фотографиите го одземаат здивот

Плажата која го зазеде врвот на листата најубави во светот – фотографиите го одземаат здивот

Високите температури се пред нас, време е на годишни одмори и капење во морето…

Време е да се присетиме која плажа е прогласена за најубава на светот во 2023 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Worlds Canvas (@worldscanvas)

Порталот „The World’s 50 Best Beaches“ секоја година објавува ажурирана листа на најубавите плажи. Листата е осмислена земајќи ги предвид природните убавини, просторот, популарноста, активноста на плажите, мирното море, а гласале над 750 најпознати и најискусни светски патописци, новинари и експерти.

Има неверојатно тиркизно море

На првото место се најде плажата „Lucky Bay“ во Австралија. Таа го зазела врвот од листата блaгодарение на својот чист песок, тиркизната вода и кенгурите.

„Пријателски настроените кенгури не се единственото што оваа плажа ја прави најубава во светот. „Lucky Bay“ има недопрен снежно-бел песок и неверојатно тиркизно море. Се протега на вкупно 5 километри, па таму сигурно ќе најдете место каде што има помалку метеж за едноставно да може да уживате во сите нејзини природни убавини“, пишува во објаснувањето на порталот.

Извор: Точка.мк

Останати вести од Вистаграм